20 иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.
21 Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.
22 Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.
23 На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.
24 Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.