Ефесјаните 6:4-10 MNT

4 Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.

5 Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос.

6 Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја.

7 Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,

8 зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.

9 Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!

10 На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.