Ефесјаните 6:7-13 MNT

7 Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,

8 зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.

9 Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!

10 На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.

11 Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот.

12 Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

13 Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.