1 Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини.
2 Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.
3 Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог.
4 Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено,
5 зашто на ниеден ангел Бог не му рекол: „Ти Си Мој Син, денес станав Твој Татко“, и повторно: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син“.
6 Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат.“
7 И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен“,