11 Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш.
12 Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар.“
13 На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син: „Седни од Мојата десна страна, додека да ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!“
14 Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението.