Евреите 1:8-14 MNT

8 напротив, за Својот Син вели: „Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар! Твојата царска моќ воспоставува правда.

9 Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа Јас, Твојот Бог, Те избрав Тебе и ти определив поголема радост отколку на Твоите придружници.“

10 А кажано е и следново: „Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце.

11 Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш.

12 Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар.“

13 На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син: „Седни од Мојата десна страна, додека да ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!“

14 Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението.