Евреите 10:16-22 MNT

16 „Кога ќе дојде време, со Мојот народ ќе воспоставам ваков Завет: Моите закони ќе ги ставам во нивните срца, па ќе ги разберат, и ќе ги впишам во нивните умови, па ќе им се покоруваат,

17 а нивните гревови и беззаконија нема веќе ни да ги спомнам.“

18 Штом гревовите се простени, веќе нема потреба од принесување жртви. Повик на верност спрема Новиот завет

19 Според тоа, драги пријатели христијани, ние сега можеме смело да влеземе во Најсветото место. Тоа ни го овозможи жртвата на Исус.

20 Тоа е тој нов пат, пат што дава живот, пат што го проби Христос за нас низ преградната завеса со тоа што во тело Тој умре за нас.

21 Затоа, сега кога имаме Првосвештеник Кој управува со Божјиот Дом,

22 да дојдеме пред Бог со искрени срца и со целосна доверба. Нашата опоганета совест е попрскана со Христовата крв и сега е чиста, нашите тела се измиени со чиста вода.