Евреите 10:18-24 MNT

18 Штом гревовите се простени, веќе нема потреба од принесување жртви. Повик на верност спрема Новиот завет

19 Според тоа, драги пријатели христијани, ние сега можеме смело да влеземе во Најсветото место. Тоа ни го овозможи жртвата на Исус.

20 Тоа е тој нов пат, пат што дава живот, пат што го проби Христос за нас низ преградната завеса со тоа што во тело Тој умре за нас.

21 Затоа, сега кога имаме Првосвештеник Кој управува со Божјиот Дом,

22 да дојдеме пред Бог со искрени срца и со целосна доверба. Нашата опоганета совест е попрскана со Христовата крв и сега е чиста, нашите тела се измиени со чиста вода.

23 Да се држиме цврсто и без колебање за надежта што велиме дека ја имаме, бидејќи можеме да имаме целосна доверба дека Бог ќе го исполни ветувањето што ни го даде.

24 Да размислуваме како еден со друг да се поттикнуваме на љубов и добри дела.