Евреите 10:33-39 MNT

33 Понекогаш бевте изложени на јавен потсмев, на навреди и прогони, а понекогаш им помагавте на тие што минуваа низ таквите страдања.

34 Сочувствувавте со оние што лежеа в затвор, а кога ви ги одзедоа вашите имоти, тоа го прифативте со радост, зашто знаете дека во вечноста ве очекуваат многу подобри нешта.

35 Затоа, не отфрлајте ја таа доверба во Господ. Не заборавајте каква голема награда носи таа.

36 Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено.

37 Зашто, ,многу бргу, Оној што треба да дојде, ќе дојде и нема да задоцни.

38 Тие што ќе бидат праведни, преку вера ќе живеат, а со тие што ќе Ми свртат грб, нема да бидам задоволен.‘

39 Но ние не сме од оние што Му вртат грб на Бог и си ја запечатуваат пропаста. Ние имаме вера што ни дава сигурност дека ќе се спасиме.