35 Затоа, не отфрлајте ја таа доверба во Господ. Не заборавајте каква голема награда носи таа.
36 Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено.
37 Зашто, ,многу бргу, Оној што треба да дојде, ќе дојде и нема да задоцни.
38 Тие што ќе бидат праведни, преку вера ќе живеат, а со тие што ќе Ми свртат грб, нема да бидам задоволен.‘
39 Но ние не сме од оние што Му вртат грб на Бог и си ја запечатуваат пропаста. Ние имаме вера што ни дава сигурност дека ќе се спасиме.