Евреите 10:8-14 MNT

8 Значи, Христос прво рече: „Ти, Боже, не посака и не ти беа угодни ни животински жртви ни приноси од жито, ни животни спалени на жртвеник, ни жртви за искупување од грев“, иако според Мојсеевиот Закон тие беа неопходни.

9 Потоа додаде: „Еве, доаѓам да ја извршам Твојата волја.“ Со тоа Христос го укинува првиот Завет, за да воспостави нов.

10 Поради таквата цврста решителност од страна на Христос - Тој да се жртвува за нас еднаш засекогаш - ние сега сме исчистени од гревот.

11 Секој друг свештеник секојдневно врши богослужба и одново принесува жртви што никогаш не можат да исчистат од гревови.

12 А Христос принесе само една жртва, која има вечна вредност, и потоа седна на почесно место, од десната страна на Бог.

13 Таму ќе остане се додека Неговите непријатели не бидат покорени под Неговите стапала.

14 Значи, Тој само со една жртва, вечно ги усоврши оние што ги посвети.