10 Авраам постапи така, зашто тој очекуваше град со вечни темели, чиј архитект и градител е Бог.
11 И Сара имаше вера и затоа доби способност да зачне, иако беше неротка и во поодминати години. Таа Му веруваше на Оној што и беше ветил.
12 Иако Авраам беше близу до умирачка, од овој единствен човек произлегоа толку потомци, колку што има ѕвезди на небото и неброени зрнца песок на морскиот брег.
13 Сите овие луѓе се сега умрени, но тие имаа вера, иако не го дочекаа она што им беше ветено, туку само оддалеку го видоа и го поздравија, истовремено признавајќи дека се само странци и привремени жители на Земјата.
14 А луѓе што така зборуваат покажуваат дека бараат место што ќе им биде татковина.
15 И не сметаа дека тоа е земјата од која произлегоа, зашто да мислеа така ќе најдеа начин таму да се вратат.
16 Напротив, тие копнееја за многу подобрата небесна татковина. И затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог. Тој дури и град им изгради на небото!