14 А луѓе што така зборуваат покажуваат дека бараат место што ќе им биде татковина.
15 И не сметаа дека тоа е земјата од која произлегоа, зашто да мислеа така ќе најдеа начин таму да се вратат.
16 Напротив, тие копнееја за многу подобрата небесна татковина. И затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог. Тој дури и град им изгради на небото!
17 И Авраам имаше вера во Бог и затоа, кога беше ставен на тест, го понуди својот син Исак како жртва. А токму на Авраам, кој беше готов да го жртвува својот син единец, Бог му беше ветил:
18 „Од Исак ќе произлезе твоето потомство!“
19 Авраам беше уверен дека Бог може и мртви да оживува, па во извесна смисла како да го доби својот син оживеан од мртвите.
20 Исак имаше вера во Бог и им вети благослови на Јаков и на Исав дури и за во иднина.