Евреите 13:10-16 MNT

10 А ние имаме жртвеник од кој дури ни свештениците што служат во Храмот немаат право да јадат!

11 Првосвештеникот ја внесува крвта од жртвуваните животни во Најсветото место на Храмот, како принос за гревовите. Но телата на животните се палат надвор од Храмот.

12 Затоа и Исус беше погубен надвор од градските порти, за да го исчисти Својот народ од гревови, преку Својата пролеана крв.

13 Така ние сега треба „да излеземе од тој Храм“ и да пристапиме кон Исус, станувајќи така соучесници во срамот на којшто Тој беше изложен.

14 Зашто ние овде на Земјава немаме град во кој вечно ќе живееме, туку го очекуваме во иднина.

15 Нашата постојана жртва е, со помошта на Исус, да Му принесуваме слава на Бог со своите усни, кои ќе Го величаат и прославуваат Неговото име.

16 Не заборавајте да им помагате на другите и да ги делите своите добра со нив, зашто и тоа се богоугодни жртви.