Евреите 13:4-10 MNT

4 Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прељубниците ќе им суди Бог!

5 Во вашите постапки не бидете алчни за пари. Бидете задоволни со тоа што го имате. Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“

6 Затоа храбро можеме да кажеме: „Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот?“ Повик на следење добар пример

7 Помнете ги вашите старешини кои први ви ја проповедаа Божјата порака. Видете го резултатот од нивниот начин на живеење и земете ја за пример нивната вера!

8 Исус Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!

9 Не дозволувајте да ве заведат со некои чудни учења. Внатрешната сила се добива преку Божјата дарежлива благонаклоност, а не преку држење обичаи за храна; оние што се држеа до овие обичаи, немаа никаква полза од тоа.

10 А ние имаме жртвеник од кој дури ни свештениците што служат во Храмот немаат право да јадат!