1 Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера!
2 Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом.
3 Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата.
4 Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се.
5 Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави.