Евреите 3:10-16 MNT

10 Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам!

11 Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “

12 Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог!

13 Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни.

14 Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос.

15 Не заборавајте го предупредувањето: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца, како оние Израелци што кренаа бунт против Бога“.

16 Кои беа тие луѓе што го слушнаа Божјиот глас, па се побунија против Него? Зар тоа не беа сите оние што излегоа од Египет под водството на Мојсеј?