6 Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.
7 Затоа, како што вели Светиот Дух: „Ако денес го слушнете Божјиот глас,
8 не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината!
9 Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела!
10 Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам!
11 Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “
12 Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог!