Евреите 3:8-14 MNT

8 не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината!

9 Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела!

10 Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам!

11 Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “

12 Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог!

13 Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни.

14 Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос.