Евреите 4:1-6 MNT

1 Божјото ветување за влегувањето во местото на Неговото спокојство се уште важи, но постои опасност некој од вас да задоцни да влезе, и тоа е сериозна причина за страв.

2 Зашто и ние ја чувме Радосната вест исто како и тие, но таа порака ним не им беше од никаква полза, бидејќи не поверуваа во тоа што им го порача Бог.

3 Само ние што веруваме ќе влеземе во спокојството што го ветува Бог. За тие што не веруваат Бог рекол: „Разгневен се заколнав: Никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“ Бог го рече ова иако Неговото место на спокојство беше подготвено уште од создавањето на светот.

4 По што, всушност, знаеме дека навистина било подготвено уште од самиот почеток? Па Бог во Светото Писмо за седмиот ден вели вака: „Откако ги заврши сите Свои дела, Бог си отпочина во седмиот ден.“

5 Но на друго место го рече и следново: „Тие никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“

6 Според тоа, Божјото спокојство е отворено за да влегуваат луѓето, но тие што порано ја слушнаа Радосната вест не влегоа, поради непослушност.