Евреите 4:4-10 MNT

4 По што, всушност, знаеме дека навистина било подготвено уште од самиот почеток? Па Бог во Светото Писмо за седмиот ден вели вака: „Откако ги заврши сите Свои дела, Бог си отпочина во седмиот ден.“

5 Но на друго место го рече и следново: „Тие никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“

6 Според тоа, Божјото спокојство е отворено за да влегуваат луѓето, но тие што порано ја слушнаа Радосната вест не влегоа, поради непослушност.

7 Затоа Бог повторно определува време кога може да се влезе во Неговото спокојство и тоа време е денес. Бог ова по долго време го објави преку Давид, со веќе претходно цитираните зборови: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца.“

8 Ако тоа место на спокојство беше земјата Канаан, каде што Јошуа ги одведе, Бог немаше подоцна да зборува за друго место на спокојство.

9 Според тоа, за Божјиот народ ќе има саботна починка.

10 Зашто оние што ќе влезат во Божјата починка ќе се одморат од своите дела, како што Бог се одмори откако го создаде светот.