Евреите 5:3-9 MNT

3 Поради своите слабости, тој мора да принесува жртви не само за гревовите на народот, туку и за сопствените гревови.

4 Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.

5 Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече: „Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко!“

6 А на друго место Бог за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек!“

7 За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.

8 Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен.

9 На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.