Евреите 6:13-19 MNT

13 Така, на пример, кога Бог му го даде Своето ветување на Авраам, Тој се заколна дека ќе го исполни тоа што го ветува, и бидејќи нема ништо поголемо од Бога, Тој се заколна во Самиот Себе,

14 и му рече: „Јас, Господ, ти ветувам дека изобилно ќе те благословам и ќе ти дадам многубројни потомци!“

15 Авраам беше стрплив и го доби она што Бог му го вети.

16 Кога луѓето имаат меѓусебни расправии, тие се заколнуваат во нешто поголемо од себе.

17 Така и Бог, сакајќи да не увери дека целосно ќе се исполнат Неговите ветувања спрема оние на кои тие им се наменети, кон Своето ветување додаде и заклетва.

18 Бог не може да лаже! Овие две работи - Неговото ветување и заклетвата - се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме.

19 Таа надеж е цврста котва за нашите души и не води преку завесата во Божјото најсвето место,