2 за крштавањето, за полагањето раце, за воскресението на мртвите и за Вечниот суд.
3 Ајде да напредуваме, со Божја помош!
4 Зашто, за луѓето кои еднаш веќе биле просветлени и вкусиле од небесниот дар, се придружиле кон делото на Светиот Дух,
5 ја вкусиле добрината на Божјата порака и силата на идниот свет,
6 а потоа Му го свртеле грбот на Бог, нема можност одново да се покајуваат. Таквите луѓе одново Го распнуваат Божјиот Син и јавно Го срамотат!
7 Ако почвата, откако ќе го впие дождот што често врне врз неа, му роди добра жетва на оној што ја обработува, таа ќе биде благословена од Бог.
8 Но ако раѓа само трње и боцки, таа е бескорисна и Бог наскоро ќе ја проколне и ќе ја запали!