1 Најважното во ова излагање е дека нашиот Првосвештеник седи на најпочесното место на небото, од десната страна на Бог.
2 Таму Тој служи во Најсветото место, во вистинското светилиште изградено од Господ, а не од човечка рака.
3 Бидејќи секој свештеник треба да принесува дарови и жртви, така и нашиот Првосвештеник мора да има нешто да принесе.
4 Да беше Тој на Земјата немаше ни да биде свештеник, зашто овде има други свештеници кои принесуваат дарови, какви што бара Мојсеевиот Закон.
5 Но светилиштето во кое тие служат е само копија и сенка на она вистинското, кое е на небото. Кога Мојсеј се подготвуваше да го изгради светилиштето, Бог го предупреди: „Внимавај да го направиш точно според моделот што ти беше покажан овде на гората!“