Евреите 8:7-13 MNT

7 Ако првиот завет беше беспрекорен, немаше да има потреба да биде заменет со втор завет.

8 Бог лично не беше задоволен од народот, па рече: „Ќе дојде ден кога со израелскиот и со јудејскиот народ ќе склучам нов завет,

9 поинаков од заветот што го бев склучил со нивните предци, кога водејќи ги за рака ги изведов од Египет. Тие го прекршија Мојот завет, па затоа и Јас им го свртев грбот.

10 Ова е новиот завет што јас ќе го склучам со израелскиот народ во тој ден: Јас, Господ, ќе ги ставам Моите закони во нивните умови и ќе ги запишам во нивните срца. Јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11 Никој од нив повеќе не ќе треба да го учи соседот свој или братот свој, велејќи му: ,Треба да Го запознаеш Господ‘, зашто сите ќе Ме познаваат, од мало до големо.

12 Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги спомнувам нивните гревови!“

13 Кога Господ зборува за Нов завет, тоа значи дека претходниот го прогласува за застарен. А се што е застарено и бескорисно набргу ќе исчезне!