Евреите 9:17-23 MNT

17 Се додека е живо лицето што го остава тестаментот, тој не може да се користи. Тестаментот стапува на сила дури откако ќе умре оној што го остава.

18 Затоа и првиот Завет беше воспоставен со употреба на крв како доказ за смрт.

19 Откако Мојсеј им ги пренесе на луѓето сите Божји закони, зеде крв од бикови и јарци, ја помеша со вода, па ги попрска книгата на Божјите закони и сите луѓе, употребувајќи гранче од исоп и црвена волна.

20 Потоа им рече: „Оваа крв го потврдува заветот што Бог го склучи со вас“.

21 Потоа Мојсеј ги попрска со крв и Светилиштето и сите предмети што се употребуваа за богослужба.

22 Всушност, според Мојсеевиот Закон, се се исчистува преку попрскување со крв; и без пролевање на крв нема простување на гревовите.

23 Овие работи беа само слики на небесните оригинали и затоа мораа да се осветуваат преку вакви обреди. Но она што е на небото треба да се исчистува со жртви што се далеку подобри од обична животинска крв.