Евреите 9:3-9 MNT

3 Потоа имаше завеса, а зад завесата се наоѓаше Најсветото Место,

4 во кое беа сместени златниот жртвеник за кадење и Ковчегот на Заветот, обложен со злато од сите страни. Во ковчегот се чуваа: еден златен сад во кој имаше малку мана, стапот на Арон, што беше пуштил листови и камените плочи на кои беа запишани Десетте заповеди.

5 Над ковчегот се надвиснуваа славни херувими со раширени крилја над местото за помирување. Но сега не е време за ова детално да се зборува.

6 Откако сите овие работи беа поставени како што треба, свештениците секојдневно влегуваа во надворешниот дел на Шаторот, за да ги извршуваат богослужбените активности.

7 Но во внатрешниот дел на Шаторот можеше да влегува само Првосвештеникот, и тоа само еднаш годишно. При секое влегување тој принесуваше крв, за да ги покрие своите сопствени гревови и гревовите на народот, извршени поради незнаење.

8 Преку овие правила, Светиот Дух ни открива дека се додека постоеше првиот Шатор и целиот религиозен систем што тој го претставува, патот за влегување во Најсветото место за нас обичните луѓе не беше отворен.

9 Тоа е сликовит приказ на денешното време, бидејќи приносите и жртвите што Му се принесуваат на Бог, не можат да им ја смират совеста на тие што ги принесуваат.