2 до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом.
3 Ви посакувам Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.
4 Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.
5 Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.
6 Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде.
7 Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.
8 Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,