1 Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!
2 Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.
3 Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.
4 Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!
5 Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.
6 Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.