Филипјаните 4:12-18 MNT

12 Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.

13 Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.

14 Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.

15 Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.

16 Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.

17 Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.

18 Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.