18 Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.
19 Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.
20 На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.
21 Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.
22 Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.
23 Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.