18 Дури по три години отидов во Ерусалим, да се запознаам со Петар и со него останав петнаесет дена.
19 Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав.
20 Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина.
21 Потоа заминав за Сирија и Киликија.
22 Христијаните во Јудеја се уште не ме познаваа лично,
23 туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“.
24 И Го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.