22 Светото Писмо, меѓутоа, вели дека сите сме заробеници на гревот, па единствениот начин да го добиеме она што Бог го вети е преку вера во Исус Христос.
23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор.
24 Така Законот ни беше воспитувач што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера.
25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.
26 Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос.
27 Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.
28 Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк, за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос.