25 Тие го запрашаа: „Зошто тогаш крштаваш, ако не си ни Месијата, ни Илија, ниту Пророкот?“
26 Јован им одговори: „Јас крштавам во вода, а меѓу вас има Еден, Кого вие не Го познавате.
27 Иако јас дојдов пред Него, сепак не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам!“
28 Ова се случи во селото Бетанија, од источната страна на реката Јордан, каде што Јован крштаваше.
29 Утредента, Јован Го виде Исуса како доаѓа кај него, па рече: „Еве го Божјото Јагне Кое го отстранува гревот на светот!
30 Овој е Тој за Кого реков, ,По мене доаѓа еден Човек Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘
31 Јас не знаев Кој ќе биде Тој, туку дојдов да крштавам во вода, за Тој да му биде откриен на Израел.“