18 Никој не ми го одзема животот, туку Јас доброволно го давам. Имам моќ да го дадам Својот живот и имам моќ повторно да си го вратам. Ова овластување го примив од Мојот Татко.“
19 Заради овие зборови на Исус, повторно се појави раздор меѓу еврејските верски водачи.
20 Многумина од нив велеа: „Обземен е од демон! Полудел! Зошто Го слушате!?“
21 Други, пак, велеа: „Овие зборови не се зборови на човек обземен од демон! Може ли човек што е обземен од демон да им ги отвора очите на слепи луѓе!?“
22 Беше зима и во Ерусалим се славеше празникот Ханука.
23 Исус се шеташе во храмот, под Соломоновиот трем.
24 Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“