19 Заради овие зборови на Исус, повторно се појави раздор меѓу еврејските верски водачи.
20 Многумина од нив велеа: „Обземен е од демон! Полудел! Зошто Го слушате!?“
21 Други, пак, велеа: „Овие зборови не се зборови на човек обземен од демон! Може ли човек што е обземен од демон да им ги отвора очите на слепи луѓе!?“
22 Беше зима и во Ерусалим се славеше празникот Ханука.
23 Исус се шеташе во храмот, под Соломоновиот трем.
24 Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“
25 Исус им одговори: „Јас ви кажав, но вие не верувате. Делата, што ги вршам во името на Мојот небесен Татко, покажуваат кој сум Јас.