Јован 10:32-38 MNT

32 Исус им рече: „По упатство на Мојот небесен Татко направив многу добри дела со кои им помогнав на луѓето. Поради кое од тие добри дела Ме каменувате?“

33 Еврејските водачи Му одговорија: „Не Те каменуваме поради добрите дела, туку поради богохулство, зашто, иако си човек, се правиш Бог!“

34 Исус им одговори: „Зар не е запишано во вашиот Закон дека Бог вели за народните водачи: ,Јас реков, богови сте‘?

35 Ако Бог ги нарече богови оние на кои им беше дадена Божјата порака (а знаеме дека тоа што го вели Светото Писмо е секогаш точно),

36 како, тогаш, вие велите за Оној што Таткото Го освети и испрати во светот, дека хули на Бога, затоа што рекол ,Јас сум Божјиот Син‘?

37 Ако Јас не го правам истото она што го прави и Мојот небесен Татко, тогаш немојте да Ми верувате.

38 Но, ако го правам истото, тогаш, дури и да не Ми верувате Мене, верувајте им на делата, за да сфатите еднаш засекогаш дека Таткото е во Мене и Јас сум во Таткото!“