4 Кога ќе ги изведе сите Свои овци, Тој оди пред нив, а Неговите овци Го следат, бидејќи Му го познаваат гласот.
5 Тие никогаш нема да следат туѓинец, туку ќе бегаат од него, бидејќи не му го познаваат гласот.“
6 Исус им ја кажа оваа алегорична приказна, но тие не разбраа што сакаше да им каже.
7 Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците.
8 Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.
9 Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште.
10 Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.