8 Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.
9 Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште.
10 Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.
11 Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците.
12 Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува.
13 Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците.
14 Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене,