12 „Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“
13 (Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.)
14 Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре.
15 Мило ми е што Јас не бев таму, зашто сега ќе добиете уште една можност да поверувате. Но, ајде да одиме кај него.“
16 Во тој момент, Тома, кого го викаа Близнак, им рече на учениците: „Да одиме со Учителот и ние да умреме со Него!“
17 Кога Исус пристигна во Бетанија, Му кажаа дека Лазар е веќе четврт ден во гробот.
18 Бетанија беше близу до Ерусалим, на оддалеченост од околу три километри.