2 (Тоа беше онаа Марија што подоцна Го помаза Господа со скапоцен парфем и Му ги избриша стапалата со својата коса; нејзиниот брат, Лазар, беше тој што се разболе.)
3 Тогаш сестрите испратија ваква порака до Исус: “Господе, твојот драг пријател се разболе!“
4 Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“
5 (Исус многу ги сакаше Марта, нејзината сестра и нивниот брат Лазар.)
6 Сепак, откако слушна дека Лазар е болен, Тој остана уште два дена таму каде што беше.
7 Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“
8 „Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“