7 Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“
8 „Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“
9 Исус им одговори: „Денот има дванаесет часа, нели? Тој што оди дење не се сопнува, бидејќи пред себе ја има дневната светлина.
10 Ако човек оди ноќе тој се сопнува, бидејќи пред себе нема светлина.“
11 Откако го рече ова, Исус им најави: „Нашиот пријател Лазар заспал, и Јас одам таму за да го разбудам.“
12 „Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“
13 (Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.)