27 „Сега душата Ми е длабоко потресена, но што да кажам? Зар да се молам: ,Татко, поштеди Ме од ова што Ме очекува?‘ Па токму за таа цел дојдов на овој свет!
28 Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“
29 Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“
30 Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас.
31 Сега е време за суд над овој свет. Владетелот на овој свет сега ќе биде соборен.
32 А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“
33 Исус го рече ова за да објави со каква смрт ќе умре.