28 Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“
29 Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“
30 Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас.
31 Сега е време за суд над овој свет. Владетелот на овој свет сега ќе биде соборен.
32 А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“
33 Исус го рече ова за да објави со каква смрт ќе умре.
34 Народот, пак, Му возврати: „Ние сме слушнале од Светото Писмо дека Месијата ќе остане вечно. Зошто Ти велиш дека Синот Човечки треба да умре и да биде подигнат над земјата? Кој е Тој Син Човечки?“