9 „Господе“, - му рече Симон Петар - „тогаш измиј ми ги не само стапалата, туку и рацете и главата!“
10 Исус му рече: „На искапаниот треба само стапалата да му се измијат, затоа што целиот е чист. Вие сте чисти, но не сите.
11 Исус знаеше кој ќе Го предаде и затоа рече: „Сите не сте чисти“.
12 Откако им ги изми стапалата и ја облече наметката, Исус повторно седна и им рече: „Сфаќате ли што направив за вас?
13 Ме нарекувате Учител и Господ, и со право така велите, зашто Јас навистина сум тоа.
14 Кога Јас, вашиот Господ и Учител, ви ги измив стапалата, тогаш и вие треба да си ги миете стапалата еден на друг.
15 Јас ви дадов пример за да постапувате и вие како што Јас постапив со вас.