Јован 15:3-9 MNT

3 Вие сте веќе чисти преку словото што ви го проповедав.

4 Останете сврзани за Мене и Јас ќе останам сврзан за вас. Како што прачката не може да раѓа плод сама од себе, ако не е сврзана за лозата, така ни вие нема да можете да бидете плодотворни, ако не останете сврзани за Мене.

5 Јас сум Лозата, а вие сте прачките. Ако останете сврзани за Мене и Јас за вас, ќе бидете многу плодотворни. А без Мене не можете да постигнете ништо.

6 Ако не останете сврзани за Мене, ќе бидете исфрлени како отсечени прачки и ќе се исушите. А сувите прачки ќе бидат собрани и в оган изгорени.

7 Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета.

8 Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко.

9 Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов.