7 Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета.
8 Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко.
9 Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов.
10 Вие ќе останете под закрила на Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам под закрила на Неговата љубов.
11 Ова ви го кажав за да бидете наполно радосни, како што Сум Јас.
12 Сега ви заповедам: Сакајте се меѓу себе како што Јас ве сакам.
13 Најголема љубов што некој може да ја искаже спрема своите пријатели е да го даде својот живот за нив.