1 Тогаш Пилат нареди Исус да биде камшикуван.
2 Војниците исплетоа венец од трње, Му го ставија на главата и Му облекоа пурпурна наметка.
3 Потоа одеа околу Него и викаа: „Здраво, царе на Евреите!“ и Го удираа со тупаници.
4 Пилат повторно излезе надвор, па им рече на Евреите: „Еве, ќе ви Го изнесам надвор, но да знаете дека не најдов никаква вина кај Него!“
5 Тогаш Го изведоа Исуса со трнов венец на главата и со пурпурната наметка. Пилат им рече: „Еве Го човекот!“
6 Кога Го видоа свештеничките поглавари и гардистите на храмот почнаа да викаат: „Распни Го! Распни Го!“ Пилат им рече: „Земете Го, и самите распнете Го, зашто јас не најдов никаква вина кај Него!“