Јован 19:17-23 MNT

17 Носејќи го сам крстот, Исус дојде до местото наречено Череп, кое на арамејски јазик се вика Голгота.

18 Таму Го распнаа, заедно со уште други двајца: едниот од едната, другиот од другата страна на Исус.

19 Пилат нареди на дрвена плоча да се напише обвинението и да се прицврсти на крстот. Текстот гласеше: „Исус од Назарет, цар на Евреите.“

20 Многумина од Евреите го прочитаа овој натпис, зашто местото каде што Го распнаа Исуса беше близу до градот. Текстот беше напишан на арамејски, на латински и на грчки јазик.

21 Свештеничките поглавари му рекоа на Пилат: „Зошто си напишал ,Цар на Евреите‘? Требаше да напишеш: ?Самопрогласен цар на Евреите!‘“

22 „Што напишав - напишав!“ - им одговори Пилат.

23 Откако Го распнаа Исуса, војниците Му ги зедоа алиштата и ги разделија на четири дела - по еден дел за секој војник. Но туниката на Исус беше без раб, исткаена од еден дел.